MKDNews.com

Пејачка загина од огномет среде настап во Шпанија (Видео)

Пејачка загина од огномет среде настап во Шпанија (Видео)
септември 03
06:17 2019

Пејачката Џоана Саинз (30) загинала на настапот во Лас Берланас, во близина на Мадрид, кога ракета од пиротехниката ја погодила во стомакот, пренесува „Сан“. Пејачката паднала на сцената и била итно пренесена во болница. Иако лекарите се бореле за нејзиниот живот, таа починала во болницата.

„Ноќта почна со забава и заврши со трагедија“, напиша обожавател на пејачката, кој присуствувал на концертот.

Шпанските медиуми објавија снимка од настапот на која се гледа дека експлодирала пиротехничката опрема. На сцената покрај пејачката имало 15 луѓе.

„Имаше две ракети. Едната отиде во вистинската насока, а другата ја погоди пејачката во стомакот“, вели очевидецот.

На концертот имало илјадници посетители кои биле шокирани кога виделе што се случува.

„Никој не може да го објасни ова. Ваквиот настап го правиме веќе пет-шест години“, рекол Исидоро Лопез, организатор на концертот. Како што вели, огнометот траел од 15 до 20 секунди.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести