MKDNews.com

Николоски од Брисел: Mакедонските граѓани да не бидат казнети заради Заев

Николоски од Брисел: Mакедонските граѓани да не бидат казнети заради Заев
септември 09
20:58 2019

Во рамки на посетата на Брисел и на Парламентарното Собрание на Европската Народна Партија остваривме бројни средби, пред се со раководството на ЕПП, со претседателот на Жозеф Дол кои што ги информиравме за актуелните случувања во Македонија.

Информиравме за аферата „Рекет“, за корупциските скандали, за економското уназадување на Македонија, како и за обидите на власта да ги сокрие овие скандали. Разговаравме и за неопходноста за брзи предвремени избори на кои што граѓаните јасно ќе покажат каде сакаат Македонија да оди, и ќе каже што мислат за оваат власт.

Исто така разговаравме и за можноста Македонија да отпочне преговори за членство со ЕУ. Стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да стане членка на ЕУ. И заради неспособноста на Заев не смеат да бидат казнети македонските граѓани. Напротив македонските граѓани ќе го казнат Заев на следните предвремени парламентарни избори за кои што интензивно разговараме тука во Брисел.

За истото ги информиравме и претсавниците на Европската Комисија со кои што имавме денес средби, а во текот на утрешниот ден и ќе ги информираме преставниците на Европскиот Парламент. Во Европскиот Парламент има нов состав, многу нови пратеници и ќе се обидеме со неколку од нив, со најзначајните од најзначајните земји да поразговараме утре.

Иднината на Република Македонија е во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ може да го постигне тоа, но за тоа треба Владата на Заев да замине час поскоро. И тука се обидуваме да ја добиеме поддршката во Брисел. Се надеваме дека европските народни партии како и останатите ќе застанат позади прогресот на Македонија, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести