MKDNews.com

На брачна двојка по грешка ѝ префрлиле 120.000 евра, а тие сите ги потрошиле

На брачна двојка по грешка ѝ префрлиле 120.000 евра, а тие сите ги потрошиле
септември 12
19:47 2019

Брачната двојка Роберт и Тифани Вилијамс од Харизбург, во американската држава Пенсилванија, обвинети се за кражба откако потрошиле повеќе десетици илјади долари кои нивната банка по грешка им ги префрлила на сметка.

Во судските документи се наведува дека брачната двојка Вилијамс по грешка примила 120.000 долари и дека целата сума ја потрошиле.

Полицијата соопштила дека парот има повеќе од 100.000 долари одобрени средства кои биле надминати. Во документите исто така се истакнува дека двајцата обвинети признале дека знаеле дека парите не се нивни.

Двајцата се обвинети за кражба и преземање на украдени средства. Ослободени биле со кауција.

Парите набрзо биле преземени од сметката на семејството Вилијамс и биле префрлени на точната трансакциска сметка, фирма за инвестиции.

Меѓутоа, кога грешката била воочена, двојката веќе потрошила околу 107.000 долари.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар