MKDNews.com

Лидерската средба меѓу Заев и Мицкоски утре во 20 часот во Собранието

Лидерската средба меѓу Заев и Мицкоски утре во 20 часот во Собранието
септември 09
20:49 2019

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре во Собранието на лидерска средба ќе се обидат да најдат заеднички јазик за Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на Специјалното јавно обвинителство.

Лидерската средба ќе почне во 20 часот и ќе се одржи во формат еден плус четири.

Во фокусот на лидерската ќе биде Законот за јавно обвинителство, но лидерот на опозицијата Мицкоски најави дека ќе ја отвори и темата за предвремени парламентарни избори.

Од Владата за МИА велат дека главна тема е Законот, а за тоа дали ќе се разговара за предвремени ќе се види на лице место.

Од ВМРО -ДПМНЕ го потврдија одржувањето на лидерската, но нагласија дека освен за Законот за јавно обвинителство, тема ќе бидат и предвремените избори. Од партијата велат дека темата предвремени избори биле услов за одржување на лидерската.

Заев вчера во пораката за Денот на независноста меѓу другото изрази и увереност дека земјата има капацитет со двотретинско мнозинство да го донесе и Законот за јавно обвинителство.

– Сите случаи и евентуални случаи на криминал и корупција, како во развиените земји, мора да добијат ефикасна, праведна и правична разврска. Тоа го очекуваат граѓаните и со тоа ќе дадеме дополнителни аргументи на ЕУ, дека сме и ние цврсто определени кон правдата и изградбата правна држава, истакна премиерот.

Поради скратените рокови Законот за Јавно обвинителство се очекува да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство од пратениците, а неговото носење е клучно и за евроинтеграциите на земјава.

Последната средба на работните групи на власта и опозицијата за законот, која се одржа минатата недела не вроди со суштествен заклучок, а сега се очекува решението да се бара на лидерската средба.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести