MKDNews.com

Димитров на европска турнеја за обезбедување датум за преговори

Димитров на европска турнеја за обезбедување датум за преговори
септември 09
21:12 2019

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Париз се сретна со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи.

 

Министерот Димитров се сретна и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Во разговорите, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, разгледани се аспектите од билатералната соработка, како и заедничките стратешки определби за европска и евроатлантска интеграција на Северна Македонија и Регионот. Од наша страна, стои во соопштението, е истакнато дека добивањето позитивна одлука за Северна Македонија за отпочнување пристапни преговори со ЕУ е уважување и конкретно вреднување на очигледните резултати и постигнувања, а што истовремено ќе создаде нов импулс за нас, но и за целиот регион и за ЕУ.

-Со Преспанскиот договор успеавме со нашите грчки пријатели да постигнеме вистински европски компромис во регион каде тешко се прават компромиси. Нашата цел е да станеме европска земја, а тоа пред се’ значи владеење на правото. Имаме голема шанса за заеднички успех во октомври, нагласи Димитров.

Слични пораки упати и на средбите со Салваторе Серавале, заменик генерален секретар во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Франција и со Сенаторот Ален Ришар, а исто така и обраќајќи се до француската јавност, како и во контактите со реномираните медиуми, весниците Le Monde и Le Figaro, порачувајќи дека треба да се искористи оваа историска шанса, и во октомври Северна Македонија и ЕУ да го заокружат и забележат заеднички успех со одлука за отпочнување пристапни преговори со Унијата.

За време на престојот Димитров се сретна и со претставници на нашата дијаспора, кои меѓу другите гости присуствуваа на свечениот прием во Амбасадата на Република Северна Македонија во Париз по повод 8 Септември.

Веднаш по работната посета на Париз, министерот Никола Димитров ја продолжува работната турнеја, фокусирана на европските аспирации и очекувања на Република Северна Македонија во пресрет на октомвриските Совети на Унијата, со работна посета на Брисел на 10 и 11 септември 2019 година, а последователно и на Берлин на 12  и 13 септември 2019 година

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести