MKDNews.com

Боки 13 повторно однесен во болница

Боки 13 повторно однесен во болница
септември 12
19:35 2019

Јовановски денеска повторно бил пренесен на скопките клиники. Откако бил прегледан, вратен е во затворот во Шутка и е во добра состојба, велат од управата.

Ова е трет пат откако е во притвор, тој да биде пренесен на прегледи.. Првите два пати бешена Торакална клиника, поради болки во желудникот кои му се јавуваат како последица на оперативен зафат.

30 дневниот притвор, кој му беше определен по втор патистекува во понеделник. Дали обвинителството ќе побара негово продолжување  засега останува непознато. Од таму единствено велат дека во моментов ги анализираат материјалните и вербалните докази.

За случајот “Рекет” освен Боки 13, притворени беа и Зоран Милевски – Кичеец и обвинителката Катица Јанева, која веќе 23 дена се наоѓа во притворското одделение во Шутка. Дали оваа мерка ќе биде продолжена исто така не е познато, но пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска рече дека премиерот Заев на лидерската средба рекол дека за 10 дена притворот на Јанева ќе биде заменет со куќен притвор. Тој праша како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени.

За аферата “Рекет”минатата недела беа сослушани двајца пратеници од редовите на СДСМ, Фросина Ременски и Александар Кирацовски, а претходно и пријателката на Боки 13, Лила Филиповска како и првите луѓе на фирмите од Битола и Струга што дале околу еден милион евра за наводна изградба на старечки домови.  За оваа недела од обвинителството велат дека не е планирано да се вршат сослушувања.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести