MKDNews.com

Во автобусот во кој утринава избувна пожар нема повредени патници(видео)

Во автобусот во кој утринава избувна пожар нема повредени патници(видео)
август 22
11:52 2019

Во автобусот на линија 5 во кој утринава избувна пожар нема повредени патници, причинета е само материјална штета.

Настанот се случил во близина на општина Ѓорче Петров, кога автобусот сообраќал на редовна линија во правец кон Центар, информираат од ЈСП-Скопје.

Шест пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш пристигнаа кај запалениот автобус, со две возила, а нивната брза интервенција овозможи огнот да биде изгаснат и да не се предизвикува дополнителна штета.

Според сведоштвото на возачот, еден од патниците што се возел на горниот кат, алармирал дека се појавил чад. Возачот веднаш го застанал автобусот, ги симнал патниците и се обидел сам да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но не успеал, па ги повикал пожарникарите кои веднаш дошле на местото на настанот и проширениот пожар го ставиле под контрола и го изгаснале. Екипите на Министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на настанот и ќе утврдуваат причините за пожарот.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку фејсбук извести дека нема ниту еден повреден патник откако автобус на ЈСП се запали во населбата Ѓорче Петров.

„Возачот Ивица Петрушевски навремено ги евакуирал сите патници и започнал да го гаси пожарот со ПП апаратите. Пожарната пристигна за помалку од 5 минути. Пожарот е изгаснат. Почит за возачот и пожарникарите“, напиша Шилегов.

 

Гори автобус на ЈСП во Ѓорче Петров (фото/видео)

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести