MKDNews.com

Тестаментот на принцезата Дијана бил изменет по нејзината смрт

Тестаментот на принцезата Дијана бил изменет по нејзината смрт
август 26
06:35 2019

Освен двајцата синови, принцот Вилијам и принцот Хари, единствено што останало зад неа, биле нејзините последни желби запишани во тестаментот. За жал. Ни тие не биле извршени според нејзината волја, а виновниците за тоа не треба да се бараат во кралското, туку во семејството на Дијана.

Своите последни желби принцезата Дијана ги составила и потпишала четири години пред да загине, но нешто променила неколку месеци по разводот од принцот Чарлс.

Според изменетиот тестамент, 75 отсто од накитот и имотот на Дијана, требало да биде поделено помеѓу принцовите Вилијам и Хари, а преостанатите 25 отсто ги наменила за своите кумчиња. На својот батлер, со кого била многу блиска, му наменила 50.000 фунти.

Грижата за остатокот на имотот и накитот, тогаш вреден 21 милион фунти, што би било еквивалент на денешните 31,5 милиони фунти, Вилијам и Хари требало да го превземат откако ќе наполнат 25 години.

Задачата на распрелделбата на тестаментот во согласност со своите желби, Дијана им ја поверила на нејзината мајка и сестра, назначувајќи ги во тестаментот како извршителки на нејзината последна волја, но тие не ја оправдале нејзината доверба.

По загинувањето на Дијана, на последниот ден во август 1997 година, нејзината мајка и сестра во декември на судот го изнеле „редоследот на доносењето на одлуките“ кои им го допушта распоредувањето на имотот на Дијана на поинаков начин од оној кој таа го навела во тестаментот.

Според нивните измени, накитот кој требало да им припадне на Вилијам и Хари, принцевите можеле да го земат откако ќе наполнат 30 години, иако доходот почнале да го примаат на возраст од 25 години.

Наместо поделбата 25 отсто од накитот и имотот на принцезата Дијана, секое нејзино кумче требало да добие спомен на кумата, по изборот на извршителот на волјата, и тоа дури кога помладиот принц Хари ќе наполни 30 години.

Две години по братот Вилијам, принцот Хари во 2014 година, го земал својот дел од тестаментот што му следувал од починатата мајка. Во текот на тие 17 години, колку што поминале од „редоследот на донесувањето на одлуките“, 150 предмети кои биле во сопственост на принцезата Дијана патувале низ светот во рамки на изложбата чиј автор бил нејзиниот брат, Ерл Спенсер.

Низ разни приеми и попратни содржини, од изложбите биле собрани повеќе од два милиони долари. Тие средства, според тврдењата на семејството на Дијана, завршиле во хуманитарниот фонд основан во знак на сеќање на неа.

Тоа што се омажила за принцот Чарлс, за тогаш 20-годишната Дијана Спенсер требало да биде простор за отворање на вратите за живот како од бајка. Сепка, таквиот живот бил сè, само не бајковит.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести