MKDNews.com

Русија во вселената испрати робот со големина на човек

Русија во вселената испрати робот со големина на човек
август 22
12:52 2019

Русија лансираше ракета којашто на Меѓународнатра вселенска станица (ISS) носи робот со големина на човек, а овој антропоморфен робот наречен Федор веќе јави дека првиот дел од тестовите за летот минале нормално, објавено е на акаунтот на Twitter на оваа мисија.

„Првиот дел од тестовите за летот мина во согласност со мисијата на летот. Извршив собирње, обработка и пренос…. на телемтриските податоци за податоците од работата на РН, системот на бродот, преоптоварувањето, условите на температура и влажност. Бродот е во пресметаната орбита. Сѐ е нормално“, напиша роботот.

Генералниот директор на руската државна вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин на својата страница на Twitter го поздрави роботот Федор „за упсешниот почеток на работата“.

Потоа во видео порака на „сонародниците“ им го честиташе денешниот национален празник Денот на државното знаме на Руската Федерација.

Леталото со роботот е лансирано од космодромот Бајконур во Казахстан и на Меѓународната вселенска станица би требало да стаса во сабота. Лансиран беше со пробната ракета „Сојуз-2.1а“ и пилотирачкото вселенско летало „Сојуз МС-14“.

Станува збор за првиот руски робот во Вселената. Федор е висок 180 сантиметри и тежи дури 160 килограми. За да се провери новиот систем за спасување, тој беше единствениот патник на ракетата Сојуз.

Во десетте дена минати на ISS, Федор ќе научи нови вештини, како што е спојување на електрични кабли, користење на одвртувач и клучевите од апарати за гаснење пожа, вели Александер Блошенко од Роскосмос. Се очекува дека Федор со текот ан времето ќе добива поопасни задачи, како што се вселенските прошетки во отворениот космос.

Федор е третиот робот испратен во Вселената, САД својот го испратија во 2011, а Јапонија во 2013 година.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар