MKDNews.com

Министерот Спасовски побара брза и темелна истрага за ,,Рекет“(видео)

Министерот Спасовски побара брза и темелна истрага за ,,Рекет“(видео)
август 13
14:55 2019

Моралните, етички вредности на еден човек не ги прават функциите туку напротив тие вредности мора да се преточат во раководењето со одредена институција, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и побара итна и темелна истрага за Рекет.

,,Потребна е брза и ефикасна истрага и изведување пред лицето на правдата на секој кој бил инволвиран во случајот „Рекет“, и воопшто во кој било случај, со цел да се поразат криминалците.

Или ќе застанеме сите чесно и одговорно заедно и ќе ја извојуваме битката против криминалот и корупцијата и ќе кажеме дека сме способни дека сите заедно успеваме, за што се боревме долги години да ги поразиме криминалците, да ги поразиме арамиите, оти друг избор немаме за напредок на државата“-рече Спасовски.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар