MKDNews.com

Крвава војна на мексиканските картели за авокадо

Крвава војна на мексиканските картели за авокадо
август 12
19:52 2019

Борбата на мексиканските картели наместо за кокаин , се пренасочува за превласт на пазарот на авокадото , чија цена постојано расте и неговиот извоз не е нелегален на европските и американсктие пазари.

Последниот биланс од борбата меѓу нарко картелите се 19 искасапени тела обесени во градот Уруапан во покраината Микоачан. Од овој регион доаѓа 80 проценти од вкупното количество на авокадо за американскиот пазар.  Само минатата година во битката меѓу картелите во Мексико се убиени 35 964 лица.

Побарувачката во САД и во Европа за ова овошје е толку голема , што некои ресторани , не можејќи дфа се снабдат со ова ултрапопуларно овошје ,во јадењата го заменуваат со друг продукт.

Авокадото стана дел од секоја диета за слабеење и на сите менија за здрава храна. За само една година , цената на мексиканското авокадо порасна за 129 проценти ,а тропските горештини и сушата дополнително ги зголемија цените.

Ако на почетокот на годината 11 килограми авокадо чинеле 66 долари во Калифорнија , сега нивната цена е 110 долари.

Во моментот воопшто го нема , зашто е пред берба , што дополнително ја зголемува нервозата кај снабдувачите и купувачите.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести