MKDNews.com

Героски: Изјавата на Заев е шокантна, дискриминирачка и заканувачка

Героски: Изјавата на Заев е шокантна, дискриминирачка и заканувачка
август 13
20:55 2019

Новинарот Бранко Геровски кој прв пишуваше за „Рекет“ во „Плусинфо“ реагира по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.

Го пренесуваме во целост постот на Героски на Фејсбук, кој е реакција на изјавата на Заев:

Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од “криминалците” што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. “Педерот” што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници. Дали кога вели “еден суетен новинар” мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува? Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза. Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев.

 

Заев: Нема да дозволам еден педер да ја урне Владата! (видео)

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар