MKDNews.com

Братот на лидерот на авганистанските Талибанци убиен во експлозија во џамија

Братот на лидерот на авганистанските Талибанци убиен во експлозија во џамија
август 16
18:11 2019

Братот на лидерот на авганистанските талибанци Хаибатула Ахунџада е едно од најмалку четири лица убиени во џамија во Кета, југозападен Пакистан, пренесува Танјуг.

Според еден извор, загинал Хафиз Ахмадула, помладиот брат на талибанскиот водач.
Експлозијата избувна за време на молитвата и најмалку 20 лица се повредени.

Шефот на локалната полиција Абдул Али изјави дека бомбата најверојатно била подметната во џамијата и активирана со далечински управувач. Жртвите веднаш биле пренесени во болниците во Кета. Полицијата стравува дека бројот на загинатите ќе се зголеми.

Во експлозијата загинал и имамот на џамијата. Друг полициски претставник, пак, тврди дека бомбата била поставена под дрвена столица во џамијата, која ја користел имамот.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но медиумите потсетуваат дека за претходните слични напади во провинцијата Белучистан биле обвинувани пакистанските екстремисти.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести