MKDNews.com

Боки му порачал на Заев да среди пуштање од затвор или ќе прозбори

Боки му порачал на Заев да среди пуштање од затвор или ќе прозбори
август 14
13:24 2019

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој во Скопје беше уапсен поради рекетирање на бизнисменот Јордан Орце Камчев, се заканува дека ќе објави докази за криминалните врски на Зоран Заев и Рамуш Харадинај, објави српски „Информер“. Боки 13, тврдат добро информирани извори на „Информер“, очекува Зоран Заев да го среди неговото пуштање од затвор и тоа јасно му го порачал преку адвокат и заеднички блиски соработници.

Во спротивно, додаваат изворите за „Информер“, Боки 13 се заканил дека ќе проговори за милионските мафијашки бизниси на Заев и Харадинај. Според изворите на „Информер“, Боки е бесен затоа што веќе цел месец е во притвор, а премиерот ни малку не се труди да му помогне.

Боки после апсењето на грчката граница на 15 јули очекувал дека брзо ќе излезе да се брани од слобода, го уверувале дека сè ќе биде замачкано. Меѓутоа, Заев очигледно тоа не може да го направи затоа што аферата е преголема. Затоа Боки 13, преку заеднички соработници, му упатил заканувачка порака на Заев, која гласи:

 

„Вади ме од затвор или ќе објавам како со Харадинај крадеше милиони“, пренесува „Информер“ повикувјќи се на својот извор добро уптен во истргата.

Весникот наведува дека се шпекулира дека Боки има докази дека Заев рекетирал и некои други тајкуни, па дури и богати Албанци од Косово.

Некои исто така тврдат дека, по воведувањето таксите за Србија од Приштина, Боки 13 е вклучен во заедничкото работење на Заев и Харадинај околу шверцот на стока од Србија. „Информер“ оди до таму што објавува дека има индикации дека сите тројца се вклучени во трговијата со оружје.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар