MKDNews.com

Автомобил излетал од патот кај Калиште, повредени се четири лица

Автомобил излетал од патот кај Калиште, повредени се четири лица
август 22
12:03 2019

Едно лице од гостиварското село Калиште, со тешки телесни повреди и уште две полесно повредени лица се пренесени во ургентниот центар во Гостивар, откако возилото со кое се превезувале излетало од патот.

Фото: архива www.mkdnews.com

Според полицискиот билтен:

На 21.08.2019 во 12.00 часот на локалниот пат за с.Калиште, гостиварско, патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ.(20) од с.Калиште, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Г., а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници А.К и А.Р. кои биле пренесени во Ургентниот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести