MKDNews.com

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев е на чело на криминален октопод

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев е на чело на криминален октопод
јули 21
09:42 2019

Македонските граѓани се жртва на СДСМ кој своите криминални пипци ги рашири во секоја пора од општествениот живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека аболицираниот Зоран Заев е на чело на овој криминален октопод.

„Никој не може да ја убеди јавноста дека човек како Зоран Заев кој е веќе три пати аболициран за тежок криминал не е вмешан во случајот ‘Рекет’. Јавноста не верува дека Зоран Заев не е главата на криминалниот октопод на СДСМ. Одговори мора да има кои високи државни и партиски функционери на СДСМ се вмешани во скандалот со изнудата и рекетот на политичари, бизнисмени и граѓани“, се навадува во партиското соопштение.

Во него се додава и дека мора да има одговор зошто ниту еден обвинител не е осомничен во овој случај и покрај признанието на Вилма Рускоска дека на доказите кои обвинителството ги поседува се слуша гласот на обвинител.

„Дали овој обвинител е Катица Јанева, за која се шпекулира дека веќе ја има напуштено државата? Зошто доколку се работи за Јанева таа не е осомничена и не се наоѓа во притвор?“, прашуваат од опозициската партија и истакнуваат дека обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта и да постапува во согласност законите

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар