MKDNews.com

Шест загинати, меѓу кои и две деца на Халкидики ,нема настрадани од Македонија (Видео)

Шест загинати, меѓу кои и две деца на Халкидики ,нема настрадани од Македонија (Видео)
јули 11
09:46 2019

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, живото го загубија најмалку шест лица, меѓу кои и две деца. Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, причинета е голема материјална штета и има прекин на снабдувањето со електрична енергија, јави  МИА од Атина.

Жртвите од невремето се туристи од Романија, Чешка и Русија кои биле во близина на првиот крак, додека, пак, од вчера попладне еден рибар се води како исчезнат.

Повредените се пренесени во неколку болници на Халкидики и во Солун, а една жена е хоспитализирана на интензивна нега. Неофицијално, меѓу повредените има и деца.




					
Вонредна состојба на Халкидики

Кусо по полноќ, во поширокиот регион на Халкидики беше прогласена вонредна состојба, а министерот за цивилна заштита на Грција рано утрово одржа вонреден владин состанок за првична проценка на ситуацијата.

Жртвите од невремето се туристи од Романија, Чешка и Русија кои биле во близина на првиот крак, додека, пак, од вчера попладне еден рибар се води како исчезнат.

Повредените се пренесени во неколку болници на Халкидики и во Солун, а според владиниот портпарол Стелиос Пецас, една жена е хоспитализирана на интензивна нега. Неофицијално, меѓу повредените има и деца.

Шестмината туристи животот го загубија во три одделни случаи. Триесет и девет годишен Русин и неговиот двегодишен син загинаа во Неа Потидеа откако врз нив паднало дрво, врз 54-годишна жена од Романија се урнал покрив од таверна во местото Неа Плаја, а во истата таверна, под засега непознати околности починало и осумгодишно дете, исто така од Романија.

Невремето на плажата Созополис во близина на првиот крак беше трагично и за повозрасна брачна двојка од Чешка, кога се превртел нивниот автомобил-приколка. Неофицијално, заедно со нив биле и нивниот син и внук кои поминале без повреди.

Грчката крајбрежна служба од вчера попладне трага по рибар, кој со неговиот чамец исчезнал во морето.

Министерот за цивилна заштита на Грција, Михалис Хрисохоидис веќе се наоѓа во Солун и рано утрово одржа вонреден владин состанок за првична проценка на ситуацијата.

Невремето иако траеше кусо, остави зад себе голема материјална штета и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Грчката противпожарна служба, до три часот утрово добила над 600 повици за помош, а интервенирала во 235 случаи за спасување, но и за отстранување на паднати дрвја.

МНР: Телефони за информации за настрадани македонски државјани

До овој момент нема информации за настрадани државјани на Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдијаод МНР.

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Заради нерасчистени патишта, паднати дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат да се избегнува движење во тој дел на земјата додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.

Генералниот конзулат на Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони:

00302310277347

00302310277348

Контакт од нашата амбасада во Атина:

00302106749585

Хрисохоидис: Немаше поплави, туку паднати дрва поради силниот ветер

Сакам да истакнам дека немаше поплави, туку паднати дрва поради силниот ветер и ова беше причина за смртта на луѓето, рече министерот за цивилна заштита на Грција, Михалис Хрисохоидис за време на вонредниот состанок во Солун одржан утрово, по невремето на Халкидики.

Министерот потврди дека загинати се шестмина туристи од Русија, Чешка и Романија, меѓу кои и две деца, а исчезнат е рибар, по кого трага крајбрежната стража.

По невремето постојат сериозни проблеми во снабдувањето со електрична енергија што е во прекин од вчера во повеќе делови на Халкидики.

Паралелно, огромна штета е предизвикана на патната мрежа во општина Халкидики.

-Ќе работиме во следните часови и денови да се врати во нормала животот во регионот. Ова е наша должност, а во продолжение ќе дознаете и за санирање на штетите и сѐ друго што е предвидено со законите. Тука сме сите заедно да го поддржиме Халкидики, да изразиме жалење за невините жртви и во исто време брзо да ги затвориме раните, рече Хрисохоидис.

На состанокот во Солун одржан рано утрово освен министерот присуствуваа и префектот на регионот Централна Македониа, Апостолос Ѕиѕикостас и неговите заменици надлежни за цивилна заштита, градоначалникот на градот, претставници на војската, полицијата, крајбрежната служба и итната помош со цел да се одредат конкретните чекори и мерки за справување со ситуацијата.

Министерот упати апел до граѓаните доколку имаат информации за исчезнати, да пријават на телефонските броеви 100 на грчката полиција и 112 на цивилната заштита.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести