MKDNews.com

Мицотакис: Ќе бидам премиер на сите Грци

Мицотакис: Ќе бидам премиер на сите Грци
јули 08
10:17 2019

Одлуката на народот е јасна, општеството сака обединети да одиме напред, пред се сака развој, работни места и безбедност за Грција одново да стане силна како што и заслужува, рече лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање до Грците, по победата на неговата партија на парламентарните избори, јави дописничката на МИА од Атина.

-Преземам да ја водам земјата и целосно сум свесен за националната одговорност, рече Мицотакис.

Тој им се заблагодари на Грците за довербата, рече дека ќе биде премиер на сите граѓани и напорно ќе работи за да ги убеди и оние кои не гласале за него дека ќе се бори за сите. Истакна дека нивна должност е да ги обединат Грците и ќе го сторат тоа во пракса.

– Од денес почнува една тешка, но убава битка. Земјата повторно гордо ја крева главата. А ние ги засукуваме ракавите. Новата влада ќе работи напорно, тимски и со скромност. Со почит на силниот мандат што го доби од народот, рече Мицотакис и ги спомена неговите предизборни обврзувања, за помалку даноци и многу инвестиции, за нови работни места, за развој и за подобри плати и пензии.

Новиот премиер на Грција кој од утре ќе ја преземе должноста рече дека со работа владата започнува веднаш, а Парламентот ќе работи цело лето.

-Од утре небото ќе биде посино, а сонцето посветло. Се разденува нов ден за нашата татковина, рече Мицотакис на крајот од неговото обраќање до јавноста.

Веднаш потоа, новиот грчки премиер им се обрати и на поддржувачите и симпатизерите на Нова демократија кои беа собрани пред седиштето на партијата.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести