MKDNews.com

Мицкоски: Оставка од Заев е единствено извинување кое треба да го направи

Мицкоски: Оставка од Заев е единствено извинување кое треба да го направи
јули 09
20:42 2019

Премиерот по скандалот со разговорите со лажните Порошенко и Столтенберг не треба да се извинува, туку да поднесе оставка, смета опозицијата.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски смета дека Заев треба да се повлече и веднаш да се формира техничка влада.

Најголемата забелешка на опозицијата е прекршувањето на дипломатскиот протокол за комуникација меѓу високи државни функционери од страна на премиер Заев и неговиот тим.  Велат разговорите меѓу државници ги договараат двете амбасади, а за тоа неопходно е да биде известен и министерот за надворешни работи, а потоа и амбасадорите на двете земји.

Експертите сметаат дека доколку премиерот Заев и неговиот тим ги почитувале протоколите за воспоставување на телефонски разговори помеѓу високи државници во најмала рака измамата би била спречена по првиот разговор.

Екс амбасадорите со кои разговараше Канал 5 сметаат дека доколку премиерот и неговиот кабинет во овој случај го следеле дипломатскиот протокол овие разговори не би се случиле. Но, велат, модерната политика наметна протоколите се’ почесто да се заобиколуваат и премиерите и претседателите сами да ја остваруваат комуникацијата што остава простор дури и најистакнатите и влијателни политичари да станат жртва на ваков вид на измами.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар