MKDNews.com

Испаднаа 175 илјади долари од камион и предизвикаа хаос на патот (Видео)

Испаднаа 175 илјади долари од камион и предизвикаа хаос на патот (Видео)
јули 11
08:58 2019

Вратата на оклопниот камион кој пренесувал пари се отворила и на автопат 285 на северната страна на Атланта во сојузната држава Џорџија испаднале пари, јавија локалните медиуми.

Локалните власти велат дека додека се пренесувале пари случајно се орворила вратата и на атвтопатот испаднале околу 175 илјади долари, при што возачите застанале да собираат банкноти расеани по автопатот.

Поручникот на локалната полиција Роберт Парсонс за локалната радио станицата изјавил дека собирање пари од патот е кривично дело. Тие истражуваат за да видат колку пари недостасуваат.

Парсонс вели дека сите што земале пари од патот ќе треба да ги вратат парите .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар