MKDNews.com

Исчезна пред 10 години пронајден мртов во супермаркетот каде што работел (Видео)

Исчезна пред 10 години пронајден мртов во супермаркетот каде што работел (Видео)
јули 24
09:30 2019

Во еден супермаркет во сојузната дршава Ајова е пронајдено тело на маж, заглавен во простор од околу 45 сантиметри зад замрзнувачкот.

Се утврдило дека се работи за некогашниот работник на истиот маркет кој исчезнал пред 10 години.

Полицијата вели дека ДНК анализата покажува дека остатоците му припаѓаат на Лери Ели Муриљо-Монкади (25)

Исчезнувањето на Лери го пријавија неговите родители уште во 2009 година. Тогаш тој заминал од нивната куќа после кавда и тоа за време на силна бура. Тогаш рекоа дека многу чудно и ирационално се однесувал и сметале дека тоа е поврзано со лековите кои почнал да ги пие.

Полицијата смета дека човекот паднал во тесниот простор меѓу ледот и ѕидот.

Според пишувањето на странските медиуми, во случај 25-годишното момче да довикувало помош никој не можел да го слушне поради бучавата која се одвивала во продавницата која се реновирала.
Според искази на вработените во супермаркетот тој не бил на распоред да работи тој ден и затоа никој незнаел дека е тој таму

Обдукцијата покажала дека нема траги од насилна смрт и затоа случајот е прогласен за случајна смрт.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести