MKDNews.com

Холивудски продуцент уапсен поради обвиненија за перење пари

Холивудски продуцент уапсен поради обвиненија за перење пари
јули 08
06:32 2019

оливудскиот продуцент од малезиско потекло, Риза Азиз вчера бил уапсен во својата земја поради обвиненија за вмешаност во проневера на 4,5 милијарди долари и перење пари.

Азиз е познат како продуцент на филмовите „Волкот од Волстрит“ (на Мартин Скорсезе и со Леонардо ди Каприо), „Глупав и поглупав 2“ и други.

Тој, инаку, е и посинок на поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак.

Се сомничи за вмешаност во проневера на 4,5 милијарди долари на малезискиот владин инвестициски фонд додека Разак бил премиер.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести