MKDNews.com

Груевски на настан со богаташи во Будимпешта спонзориран од унгарската државна ЕКСИМ банка

Груевски на настан со богаташи во Будимпешта спонзориран од унгарската државна ЕКСИМ банка
јули 12
08:47 2019

На Фејсбук беше објавена фотогалерија од бизнис забава во Будимпешта и на една од сликите е азилантот Никола Груевски. Главен спонзор на настанот, на кој унгарски богаташи се поврзуваат со странски бизнисмени, е унгарската државна ЕКСИМ банка, а заедно со Груевски на фотографијата е и Алесандро Фарина, сопственикот на организаторот на настанот „ИТЛ груп“. Бизнис забавата се одржа 7 јуни на брод на Дунав, но организаторот вчера ги објави фотографиите.

Унгарскиот министер Питер Сијарто, за време на минатомесечната посета на Скопје, кажа дека отвориле кредитна линија во унгарската ЕКСИМ банка од 420 милиони евра за финансирање на соработката меѓу македонски и унгарски компании. Во 2016 година, на средбата со тогашниот министер за економија Дритон Кучи, Сијарто рече дека банката отворила кредитна линија во висина од 70 милиони евра за малите и средни компании, каде што ќе можат да аплицираат и македонски компании.

Сијарто, зборувајќи во унгарскиот парламент минатиот месец, рече дека редовно разговараат со Груевски, бидејќи, како што кажа, така добиваат најавтентични информации за тоа што се случува на Западен Балкан, со оглед на неговото 10-годишно искуство како премиер. Од унгарското МНР потоа појаснија дека Груевски не добив надомест за советите што им ги дава.

Судот во Будимпешта на 27 јуни го одби барањето за екстрадиција од македонските власти за азилантот Никола Груевски со образложение дека неговиот статус на бегалец е пречка за негово враќање во Македонија сега и во иднина.

Како што кажа тогаш судијката Ева Варежи, според унгарскиот закон, лице на кое му бил одобрен статус на бегалец не може да биде екстрадирано во земјата од која што избегало.

Унгарската канцеларија за имиграција и азил првично му одобри статус на бегалец на Груевски на 20 ноември 2018, а на 5 април 2019 ја потврди одлуката, која е конечна.

Македонските власти бараа екстрадиција за Груевски за правосилната двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, но и за истрагата за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 2017.

Фотографијата на поранешниот премиер Никола Груевски од бизнис забава во Будимпешта, Унгарија ги „запали“ социјалните мрежи, посебно поради тоа што на неа позира со бринета со длабоко деколте.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести