MKDNews.com

Гоце Делчев e Бугарин и тоа треба да не обединува, а не да не разделува

Гоце Делчев e Бугарин и тоа треба да не обединува, а не да не разделува
јули 08
06:22 2019

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, вели дека Гоце Делчев е заедничка историска личност за Македонија и Бугарија и не гледа зошто толку двете држави се караат.
Но при тоа повторно упатува провокација до Македонија, со изјавата дека Гоце Делчев бил Бугарин

,,Гоце Делчев е заеднички. Имаме заедничка историја. Точно тоа го кажува и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави.

Во тој договор Бугарија сака да ја кажеме вистината. Гоце Делчев е бугарин, виден револуционер, една од најважните фигури и за нив, се борел за автономија на Македонија и Одринска Тракија. Не гледам зошто толку се караме за него.

Мислам дека оваа личност треба да не обединува, а не да не разделува., вели Захариева во интервју за телевизијата БТВ.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар