MKDNews.com

Трамп најави поригорозни санкции за Иран

Трамп најави поригорозни санкции за Иран
јули 10
21:04 2019

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини Иран дека веќе подолго време тајно збогатува ураниум и му се закани на Техеран со поригорозни санкции.

Иран веќе подолго време збогатува (ураниум), што е целосно кршење на ужасниот договор вреден 160 милијарди долари, што го напраивја Џон Кери и администрацијата на Обама. Сетете се, тој договор требаше да е во сила уште неколку години, санкциите наскоро ќе бидат зголемени, значително, напиша Трамп на Твитер.

Откако САД минатата година унилатерално се повлекоа од мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма и воведоа дополнителни санкции, Техеран одлучи да го зголеми збогатувањето на ураниум над договореното ниво. Иран минатата недела соопшти дека го надмина дозволеното ниво на резерви на збогатен ураниум над 3,67 проценти, а потоа соопшти дека е надминат лимитот на чистота на ураниумот од 4,5 отсто

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар