MKDNews.com

Заев: Ќе добиеме датум за преговори во јуни или јуни, Меркел не е против

Заев: Ќе добиеме датум за преговори во јуни или јуни, Меркел не е против
јуни 07
18:27 2019

Недоразбирањата во германската влада околу Македонија и поделбите во Брисел дали одлуката за датум да се носи во пакет со Албанија или според заслуги, сега веќе извесно, се закануваат земјава есента да ја дочека на мртва точка.

Дека Меркел го менува курсот кон земјава, за што вчера жестоко беше нападната и во Бундестагот, денеска потврдува и веста на угледниот „Зиддојче Цајтунг“, според кој, канцеларката е категорично против брз датум за Македонија. Како што цитира „Дојче Веле“, на седница на  Комисијата за европска политика на Бундестагот, Меркел јасно ставила на знаење дека датумот за земјава е можно да се донесе најрано во октомври. Според премиерот Заев се работело за стара информација и дека сепак клучниот збор Меркел ќе го има на нивната средба следната недела.

Дека не постои општо расположение да се даде двојно зелено светло и за Македонија и за Албанија потврди и министерот за надворешни на скептичната Холандија, Стеф Блок, кој на вчерашната расправа во Комитетот за европски прашања потенцирал дека ја остава отворена вратата за Скопје, но не и за Тирана.  Таквиот став е содржан и во писмото со наоди, што Блок го доставил до парламентот како основа при носењето на конечниот став.

-Албанија сé уште има долг пат. Тој е попозитивен за Северна Македонија. Таму се направени добри чекори. Но, тие сè уште не се таму. Сè уште има нешто што треба да се направи во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, изјавил Блок.

За екс амбасадорот Нано Ружин, Брисел треба да ги препозна сигналите на дел од земјите членки дека Македонија е чекор пред Албанија и оти не смее да стане жртва на политиката на заедничко вреднување.

Во нацрт-заклучоците за претстојниот Европски Совет , како што објавува МИА, Унијата нотира дека Македонија ги исполнила условите за почеток на преговори, но оти во моментов не во нив не е содржан терминот датум за преговори со земјава.

Меркел e против брз датум за Северна Македонија

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести