MKDNews.com

Време е да падне Полска: Ова е почетниот состав на Македонија

Време е да падне Полска: Ова е почетниот состав на Македонија
јуни 07
20:11 2019

На националната арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува лидерот во нашата квалификациска група „Г“, Полска, која во трите меѓусебни дуели со нас има две победи и едно реми, а селекторот Ангеловски реши акцент на вечерашната пресметка да стави на средниот ред.

Токму во играта на средината популарниот „Мрме“ ја гледа шансата која Македонија вечерва треба да ја искористи, па така во тој дел од теренот според почетниот состав кој веќе е познат ќе играат дури петмина, а генерално формациската поставеност е 3-5-2.

Во нападот ударното дуо Пандев и Несторовски ќе се обидат да донесат погодоци за нашиот состав, а кај гостите главна ѕвезда во составот е секако капитенот на тој состав Левандовски кој ќе игра осамен во нападот, а веднаш зад себе ќе ги има Франковски, Зјелински и Гросицки.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар