MKDNews.com

Во близина на Сараево најдена масовна гробница

Во близина на Сараево најдена масовна гробница
јуни 05
18:23 2019

На планината Игман во близина на Сараево е најдена масовна гробница , закоја се смета дека ги крие телата на Бошњаците убиени во војната на почетокот на 90 – тите.

Во новооткриената гробница на Игман се претпоставува дека се наоѓаат телата на Бошњаците убиени на територијата на општина Хаџиќи, на 20 тина километри јужно од Сараево , потврди денеска Обвинителството на БиХ.

Повеќето од телата биле закопани на длабочина од околу еден метар , соопштуваат од Обвинителството , и тоа на подрачје кое било минирано.

Гробницата била откриена по долги истраги со сведоци , како и со проверка на теренот на површина од два квадратни километри.

Денеска почна и ексхумацијата на телата , па со ДНК анализа ќе се утврди колку тела биле закопани во оваа масовна гробница.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести