MKDNews.com

Собраниската седница за пописот откажана после реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Собраниската седница за пописот откажана после реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
јуни 10
06:11 2019

Oдложена е утрешната седница на комисијата за европски прашања, на која требаше да се разгледува предлог-законот за попис, усогласен меѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ.

Предлог законот соджи една многу спорна одредба, вметната по барање на ДУИ, а тоа е дека “како жител на државата ќе се попише и нејзиниот државјанин кој, иако во моментот на пописот не е тука или е на привремен престој во странство, ќе биде регистриран доколку негов близок роднина на истата адреса го пријави неговиот единствен матичен број“.

Тоа значи дека сите гастарбајтери и нивните семејства кои подолги години живеат и работат во Цирих, Базел, Љубљана или Чикаго, од страна на нивните роднини во Македонија, иако отсутни, ќе бидат попишани како жители на Тетово, Гостивар, Зајас или Арачиново. Со ваквата етно-политичка пописна норма, на пример, селото Колари (родното село на мајката на Али Ахмети), иако во моментов фактички има само околу 300-350 постојани жители, откако ќе се попишат и сите иселеници кои живеат во Швајцарија и Америка, заедно со нивните деца, фиктивно ќе испадне дека селото има 750-800 жители. Ваквите пописни податоци би биле неверодостојни, а Албанците во Македонија од 25% на последниот попис, вештачки би скокнале на 30%!

Предлог законот за попис договорен меѓу СДСМ и ДУИ е спротивен на стандардите во ЕУ и регулативата 763/2008 која е усвоена од Европскиот парламент и објавена во Службениот весник на ЕУ. Членот 2 од оваа регулатива, која има законска важност во сите членки на ЕУ, како лице жител/население се дефинира секој кој има најмалку една година постојано присуство на одредена адреса, пред пописот во таа земја.

На ваквиот сомнителен предлог закон усогласен меѓу СДСМ и ДУИ реагираше опозиционата ВМРО-ДПМНЕ која, според зборовите на партискиот портпарол Наум Стоилковски, доколку законот биде протнат со злоупотреба на европското знаменце, без јавна дебата и без почитување на стандардите за попис на Евростат, може да повика на бојкот на пописот. Ваквата реакција, која исто така била пренесена и до неколку амбасади на земји членки на ЕУ во Македонија, ги замислила владините коалициони партнери, по што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му наредил на пратеникот Артан Груби да ја одложи утрешната седница на комисијата за европски прашања.

Извор: www.magazin.mk

Ако власта не нѐ консултира можно е ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотира пописот

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар