MKDNews.com

Полските навивачи направија хаос во Скопје (Видео)

Видео: Klan Macedonia Television

Полските навивачи направија хаос во Скопје (Видео)
јуни 07
18:31 2019

Продолжува хаосот со полските навивачи, откако синоќа се случи масовна тепачка и бркотница на скопскиот плоштад, денеска дојде до нови судири помеѓу хулиганите и полицијата.

За денешниот натпревар помеѓу Македонија и Полска се најавени околу 2.000 навивачи на гостите кои ги бие лош глас. Синоќа веќе настана инцидент, тие меѓусебно се тепаа во центарот на Скопје а потоа дојде и до бркотница со полицијата на плоштадот Македонија.

И денеска има информации за нови проблеми и судир на полицијата со полските навивачи.

Натпреварот на арената „Тодор Проески“ започнува во 20:45, па очигледно припадниците на МВР ќе имаат полни раце работа.

Но, имаше и такви кои мирно прошетаа нив градот.

Тепачката која се случи вчера во кафуле на плоштадот Македонија помеѓу две групи полски навивачи. За кој интевтенираа и специјални единици и полицијата, а дел од навивачите беа и уапсени. Денеска се пуштени од полиција и сепак ќе го следат натпреварот Македонија – Полска. 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести