MKDNews.com

Почина легендарната американска милијардерка, Глорија Вандербилт

Почина легендарната американска милијардерка, Глорија Вандербилт
јуни 17
21:50 2019

Познатата модна дизајнерка , манекенка , актерка и писателка , Глорија Вандербилт почина на 95 . годишна возраст.

Глорија Вандербилт е легендарна претставничка на амњериканското високо друштво , наследничка на милијардерот Реџиналд Клејпул Вандербилт. Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот најмлад син , познатиот водител на ЦНН, Андерсон Купер , кој откри дека дури овој месец откриле дека неговата мајка има ретка форма на рак на желудникот.

Нејзиното име стана популарбно во 30 . тите години на минатиот век , кога како девојче нејзината мајка и тетка и се бореа да станат тутори над неа , откако по смртта на таткото наследи огромно богатство. Во 70 тите години се прослави со модна линија на џинс .

Толку беше популарна што во 1974 , Пол Макартни од Битлси и ја посвети песната ,,Мисис Вандербилт”. Нејзините љубовни врски со децении беа на насловните страници на американските таблоиди.

Беше во врска со Френк Синатра и Хауард Хјуз , а во брак со композиторот Леополд Стоковски и режисерот Сидни Ламет.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар