MKDNews.com

Отворен 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Отворен 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
јуни 07
23:08 2019

Театарот е моќна работилница и погон за приказни. Театарот е мегдан на кој го остриме алатот на нашата приказна, разбој на кој ги ткаеме нејзините конци, тука го вежбаме мускулот на нашата свест и совест, ја ставаме на вага нашата историја и судбина“, ќе рече своевремено, неповторливиот Горан Стефановски за неговото величество „театарот“, чиј домаќин, пак од вечерва, па во наредните осум дена ќе биде Прилеп, односно МТФ „Војдан Чернодрински“, единствениот од тој вид во земјава. Завесите на ова најпрестижно македонско театарско случување, 54-то по ред, вечерва ќе бидат подигнати со доделувањето на наградите за животно дело на: режисерот Владимир Милчин и на актерот Бајруш Мјаку, како и со концертот на Влатко Стефановски, но и со претставата „Макбет“ во изведба на МНТ-Скопје. Фестивалот годинава се одржува под мотото: „Ова е наше време! Време за театар!“. Во официјалната програма ќе бидат прикажани 8 претстави, како и бројни придружни манифестации од областа на театарската уметност, а по подолго време се враќаат и популарните „Тркалезни маси“.

Според уметничката директорка и селектор на претставите, Катерина Коцевска, македонскиот театар како уметност, котира високо меѓу театрите од регионов, но и пошироко, иако нашите театарски куќи, најчесто кубурат со средства.

Затворањето на фестивалот ќе биде на 15-ти јуни со доделувањето на наградите за најуспешните и со претставата „Силјан штркот Шанца“ од Дејан Дуковски, а во изведба на МНТ – Скопје. Годинава, Министертсвото за култура за МТФ издвоило околу 4 милиони денари, што било нешто повеќе од минатата година.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести