MKDNews.com

„Катимерини“: Нема датум за Скопје и за прв пат Атина нема да биде крива за тоа

„Катимерини“: Нема датум за Скопје и за прв пат Атина нема да биде крива за тоа
јуни 10
05:45 2019

Официјално Скопје не делува загрижено што Киријакос Мицотакис од Нова Демократија наскоро доаѓа на власт во Грција и дека со тоа го губи „пријателот Алексис Ципрас“, пишува „Катетимерини“.

Според весникот, македонските политичари биле уверени дека и покрај несогласувањата со Преспанскиот договор, Мицотакис ќе остане доследен на принципот на почитување на меѓународното право и меѓународните договори потпишани од земјата.

Но, Јоргос Кумуцакос од Нова демократија и најверојатно идниот министер за надворешни работи за „Катимерини“ вели дека „НД ќе стори сé што е можно да се ублажат негативните последици, како што е клучното прашање за името на македонските производи“.

Весникот потсетува дека Грција, како полноправна членка на ЕУ, не го губи правото да стави вето во фазите на отворањето на поглавјата дури и откако Македонија би добила датум за преговори летово или на есен.

Во Скопје не изгледа дека се загрижени поради фактот што тие, исто така, веруваат дека меѓународниот фактор, кој одигра одлучувачка улога во потпишувањето и ратификацијата на договорот, нема да дозволи какво било отстапување од Атина за негово спроведување.

Но, весникот песимистички гледа на тоа дека оваа година Македонија ќе добие датум.

Се чини дека оваа година соседите, и покрај тоа што стигнаа до чешмата, нема да се напијат од водата, но сепак за прв пат Грција нема да биде одговорна за тоа, се вели во коментарот.

Извор: Експрес.мк

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар