MKDNews.com

Ако власта не нѐ консултира можно е ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотира пописот

Ако власта не нѐ консултира можно е ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотира пописот
јуни 10
05:49 2019

Зоран Заев продолжува со практиката на трговија со највисоките национални и државни интереси само за да се задржи што подолго на власт. Овој пат одлучи шверцерски, без консултации да изготви закон за попис на кој што по испробан рецепт му стави европско знаменце, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Заев со тоа ги скратува дискусиите и ја трга можноста за вистинска аргументација во Собранието за суштински работи од кои што зависат бројни процеси во Македонија. Вакво брзање покажува тенденција за носење закон изработен вон стандардите на Евростат и на релевантни меѓународни организации што се однесуваат до пописот. Предлог-законот за попис во петокот бил испратен од Министерството за правда до Собранието, а веќе за понеделник наутро е ставен на расправа на Комисијата за европски прашања, каде што е поднесен со европско знаменце – вели тој.

Според Стоилковски, ваквото брзање во процедурите за носење на ваков текст, без да се остави доволно време за дискусија, остава место за сомнеж за содржината и за вистинските намери на Заев.

– Кон сето ова може да се додадат и забуните во јавноста кои што беа креирани од власта, за тоа дали и на кој начин ќе биде опфатено прашањето за изјаснување за етничка и религиска припадност, како и прашањето кој сѐ ќе биде преброен и дали и на кој начин ќе бидат попишувани оние кои се отсутни од Македонија во определен временски период? Оттука брзањето овој закон веднаш и неодложно да биде ставен во процедура, остава место за сомнеж дека постои обид за донесување закон за спроведување на попис без вистинска консултација со ВМРО-ДПМНЕ, со опозицијата и со јавноста – вели Стоилковски.

Тој додаде дека доколку власта се одлучи да продолжи на таков начин на носење на законско решение за спроведување на попис кој што остава можност за сомневање во пописните резултати, остава можност ВМРО-ДПМНЕ и голем дел од граѓаните да не учествува во попишувањето организирано на начин спротивен на демократските процеси.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести