MKDNews.com

Тируне од Етиопија победник на Скопскиот маратон

Тируне од Етиопија победник на Скопскиот маратон
мај 04
11:52 2019

Етиопјанецот Чалаче Тируне е победникот на 15. јубилејно издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој истрча со време од 2:15.37 часа, пред Вилфред Корир од Кенија, односно сонародникот Гатаје Гелав.

Во женска конкуренција Јунис Мухири од Кенија со време 2:33.38 часа постави рекорд на маратонот, додека зад неа беа нејзините сонароднички Јулитер Тануи и Наоми Лимамуреи.

Дарио Ивановски е победник на полумаратонот со време 1.21.31 пред Србинот Кристијан Стошиќ, односно Милош Ранчиќ од Македонија. Кај дамите Унгарката Зита Качер беше најбрза, 1.22.53, пред Миљана Ристиќ од Македонија, односно Емилија Тодоровска – Елиас од Шведска.

На трката на 5.000 метри во машка конкуренција на подиумот се најдоа, Леонид Вандевски, кој прв ја заврши трката пред Павле Јовановски односно, Пепи Аникијев. Во женска конкуренција па оваа трка Марија Стоќановска беше победничка, на второто место заврши Ања Еклер, додека Ирма Хајдари беше трета.

Извор:  sportmedia.mк

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести