MKDNews.com

По коригирана грешка во белоруското гласање, Тамара сепак прва од жирито и седма во финалето на Евровизија

По коригирана грешка во белоруското гласање, Тамара сепак прва од жирито и седма во финалето на Евровизија
мај 23
06:46 2019

Според обајвениот извештај на веб-страницата на Евровизија, направен е превид во броењето на гласовите на жирито од Белорусија.

– ЕБУ може да потврди дека по стандардната контрола на резултатите, утврдивме дека како резултат на човечка грешка направен е превид при собирањето на поените. Ова нема никакво влијание на пресметката на поените добиени од „телевоутингот” на 41 земји-учеснички и на севкупниот победник, како и во редоследот на првите четири песни од натпреварот, стои на веб-страницата на ЕБУ.

Веста ја сподели и Тамара Тодевска на нејзиниот фејсбук профил.

– Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!, пишува Тамара.

Според резулатите од гласањето на жирито и од „телевоутингот” на 41 земји-учесничка на изборот за песна за Евровизја за 2019. што се одржа во саботата во Тел Авив, Израел, за севкупен победник беше прогласен претставникот на Холандија, а тогаш нашата претставничка Тамара се пласираше на осмото место.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести