MKDNews.com

Петмина загинати во сообраќајна несреќа кај населба Драчево

Петмина загинати во сообраќајна несреќа кај населба Драчево
мај 15
20:37 2019

Пет лица загинаа во сообраќајната несреќа што ноќеска се случила во близина на бензинската пумпа на влезот од населбата Драчево во Скопје.

Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Според МВР, на место починале сите патници во автомобилот, кои не се во семејна врска. Меѓу загинатите нема дете, како што првично објавија медиумите.

Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ удрило во камион за собирање смет.

„На 14.05.2019 година, во 23:40 часот, на булeвар Борис Трајковски во Скопје се случи сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, управувано од М. Ј. (44) од Скопје и патничко возило ‘рено 5’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј. Л. (43) од Скопје. Во несреќата возачот Ј. П. и сопатниците возилото ‘рено’, С. Н., А. Т. (54) од Скопје, Е. Т. (37) од Скопје и И. А. (40) од Скопје починале на местото.

Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“, соопшти МВР.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести