MKDNews.com

Најразвиените земји ќе воведат нови даноци за интернет гигантите

Најразвиените земји ќе воведат нови даноци за интернет гигантите
мај 31
06:53 2019

Земјите членки на Г20 на самитот во Јапонија планираат да воведат нова даночна политика кон интернет гигантите.

Најразвиените 20 земји имаат намера да ги даночат овие компании таму каде што остваруваат профит , а не каде што им се седиштата. Според јапонскиот бизнис весник Никеи, министрите за финансии ќе усвојат нацрт на таквата даночна политика .

Со него ќе бидат опфатени компаниите како што се Google, Apple, Facebook и Amazon , а парите ќе одат во земјите каде што овие компании на корисниците им пружаат база на податоци. Во 2020 ќе биде постигнат и конечниот договор за оваа нова даночна политика кон џиновските компании.

Еден од моделите е да се собира данок според бројот на корисници во секоја од државите.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар