По оваа смена на Кикл , сите министри од коалициската партија си поднесоа оставки. ,,Во договор со претседателот на државата , му предложив на претседателот да го сменам министерот за внатрешни работи.”изјави Курц на прес конференцијата во Виена.

Ова се случува по три дена од објавувањето на скандалот , а само на неколку дена пред европските избори , што почнуваат на 26 . мај. Партискиот лидер Штрахе по објавувањето на ова видео во петокот, во саботата поднесе оставка на местото вицеканцелар и шеф на партијата и тоа по 18 месеци коалицирање со Курц.

Канцеларот тогаш изјави дека е пожелно и министерот за внатрешни Кикл да си поднесе оставка , зашто нема да може да си вбоди истрага сам против себе. На тоа четворица министри од коалициската влада , кои доаѓаат од партијата на Штрахе , најавија дека и тие ќе поднесат оставки , што се случи денеска.

Курц изјави дека на местата на овие министри ќе побара претседателот Александер Ван дер Белен да именува експерти. Во саботата Курц најави и одржување предвремени избори , иако изборите требаа да се одржат во септември