Бебето имало траги од врзување , а било утврдено дека мајката му ставала газа на табаните , зашто таткото без никаква причина му ги горел со запалка.  Повредите од запалените стапала сигурно го болеле малото детенце , па плачело.

Токму тоа го изнервирало таткото и почнал да го тепа до смрт. Претходно , за да се смири консумирал хашиш.

,,Вистина е дека го претепав до смрт . Но верувајте не сакав да го убијам. Испушив хашиш , а бидејќи и потоа не можев да заспијам , станав и го удрив. Кога видов дека не дише , не помислив дека сум го убил.” , изјави таткото со иницијали А.Х. пред државните обвинители во Милано.

Освен ова бебе , тој и неговата сопруга , исто така од Хрватска , имаат уште две девојчиња на тригодишна возраст и едно девојче од една година.

Во Хрватска живее нивниот најстар син. Децата ги презема Центарот за социјални работи.