MKDNews.com

Вооружен инцидент пред касарната „Гоце Делчев“ во Скопје

Вооружен инцидент пред касарната „Гоце Делчев“ во Скопје
април 11
19:43 2019

Еден од стражарите во касарната “Гоце Делчев” во скопски Аеродром, постапувајќи според пропишаните процедури рано изутринава околу 2 часот и 53 минути спречил обид за насилен влез во кругот на објектот, информираат од Министерството за одбрана.

Војникот прво повеќепати усно го предупредувал лицето , а потоа испукал и два предупредувачки истрели во воздухот, но натрапникот и натаму бил непослушен, при што со еден од истрeлите бил погоден во петицата на десната нога.

Од Министерството за одбрана информираа дека согласно процедурите на лицето веднаш му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница, а за тоа биле известени надлежните истражни органи.

На местото на настанот по наредба на дежурен јавен обвинител излегле воената полиција и МВР.

Извори за Канал 5 велат дека лицето било на возраст од околу 40-тина години, но засега не е познато зошто тој сакал да влезе во касарната.

Надлежните органи   работат на расчистување на случајот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести