MKDNews.com

Во Словенија ќе се произведуваат јапонски роботи

Во Словенија ќе се произведуваат јапонски роботи
април 08
18:35 2019

Во словенскиот град Кочевје , по две години изградба , денеска е отворена јапонската фабрика за роботи на компанијата Yaskawa, најголема светска компанија за производство на индустриски роботи.

Според директорот на новата фабрика , Хуберт Кослер, фабриката во Словенија ќе го надополни производството во Јапонија и во Кина , а од неа ќе излегуѕваат 80 проценти од роботите што се користат во индустријата низ Европа.

Во моментов во фабриката работоат 50 – тина , а до 2025 ќе се вработат уште 150 работници, кои годишно ќе произведуваат 10 000 роботи од типот Ротомен.

Јапонската компанија Yaskawa Electric Corporation  годишно има промет од речиси три милијарди евра.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести