MKDNews.com

Вардар по петти пат е првак на СЕХА лигата

Вардар по петти пат е првак на СЕХА лигата
април 04
06:59 2019

Екипата на Вардар вечерва во Брест го совладаа ППД Загреб со 26-23 (14-12) во финалето на СЕХА лигата. За „црвено-црните“ ова е петти трофеј во регионалната лига и трет по ред.

Хрватскиот тим отвори подобро, откако во 11 минута водеше со 7-3, но вардарци се соземаа и брзо ја вратија резултатската неизвесност. Тимот на Роберто Парондо рано остана и без Рожерио Мораеш, кој доби директен црвен картон уште во 17 минута. Агресивниот старт врз Алекс Влах му донесе исклучување од црногорските судии. Вардар сепак на пет минути пред крајот поведе во резултатот, а на полувреме замина со плус 2 (14-12) Првото полувреме сепак помина во сенка на повредата на Кристијан Дисингер.

При еден дуел со противнички удар, вардаровиот ракометар падна со целата тежина на левата рака и комплетно ја свитка. Подолго време му се укажуваше помош, лекарите ја имобилизираа, но најверојатно се работи за скршеница. Загреб го започна подобро и вториот дел и по пет минути изедначи на 14-14, но остана без Мандиќ кој заработи црвен картон. Кристопанс и Дибиров ја вратија предноста од два гола 14-16.

Вардар во 50 минута ја имашеи најголемата разлика од +4 (22-18). Хрватите не се откажаа и ја бркаа предноста, па на две минути до крајот дојдоа до 23-24, но Дејан Милосављев ги откажа сите нивни намери.

Најефикасен кај Вардар беше Кристопанс со седум погодоци, Дибиров и Скубе постигнаа по пет, додека Милосављев имаше осум успешни интервенции. Кај Загреб, Мраковчиќ со четири гола беше најефикасен. Мешков Брест пак го освои третото место. Во малото финале во Брест, домашната екипа беше подобра од Нексе Нашице со 19-24.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести