MKDNews.com

Судот донесе неочекувана одлука за случајот „Дурмо Турс“

Судот донесе неочекувана одлука за случајот „Дурмо Турс“
април 24
22:15 2019

Од затворски во домашен притвор одат првоосомничениот – сопственик на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули и шестоосомничениот – возач на автобусот. Одлука е донесена пред два дена од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд. На решението, вчера жалба поднесе скопското обвинителство, до која дојде 1ТВ.

Обвинителството аргументира на цели шест страници дека одлуката за поблаги мерки не може да ги носи судија на претходна постапка, откако судии од кривичен совет, како повисока инстанца, веќе решиле да биде продолжен 30 дневниот притвор. Обвинитеството ги појаснува надлежностите за притворите на судот – судија на претходна постапка во првите 30 дена, кривичниот совет може да носи одлуки за мерки за уште 60 дена, повискиот суд, пак најмногу до 90 дена. Во жалбата е наведено дека нема правна логика, тој што носи притворски решенија до 30 дена, да одлучува и за укинување и носење поблаги мерки. Оваа праска за Обвинителството е апсурдна ситуација.

„Ова значи драматично кршење на принципот на правна сигурност и извесност на органот кој во зависност од фазата на постапката во име на судот ги носи одлуките. Напоменувам дека законодавецот се определил за генеричен поим „судот“, кога говори за обврската во секое време да се преиспита мерката притвор по службена должност или предлог на странките во смисла на член 173 став 1 од ЗКП, а при тоа никаде во Законот не дава ексклузивитет тоа да го прави во текот на целата истрага судијата на претходна постапка“, наведува Основното јавно обвинителство Скопје во жалбата испратена до судот.

Од кривичниот суд велат дека судија на претходна постапка заради влошена здравствена состојба ги ублажил мерките од затворски во домашен притвор, а конечната одлука ќе ја има кривичен совет на скопска „единица“, до каде ОЈО се жали.

Истрагата на скопското обвинителство е за кобната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, кога во февруари кај Ласкарци излета автобусот на „Дурмо Турс“. Од тешките повреди загинаа 16 патници. Обвноителството гони шестмина за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а еден за несовесно работење.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести