MKDNews.com

Стенд ап комичар починал среде настап, додека публиката и натаму се смеела

Стенд ап комичар починал среде настап, додека публиката и натаму се смеела
април 13
08:10 2019

Британскиот стенд ап комичар Јан Когнито (60) почина среде настап на сцена.

Комичарот седнал на стол и се потпрел неколку минути , а публиката се смеела и натаму , мислејќи дека и тоа е дел од шоуто. Комичарот починал во барот Атик во градот Бичестер.Веднаш била повикана итна помош , но докторите прогласиле дека смртта настапила на сцената.

,,Само десет минути пред тоа правеше шеги на сметка на мозочниот удар. Рече: Замислете да преживеете мозочен удар , станете и проговорите велшки. Кога седна , мислевме дека и тоа едел од настапот . Излеговме од салата со чувство на мачнина . Седевме таму можеби пет минути и се смеевме , а тој бил починат.” , раскажува еден од сведоците на трагичниот настан.

Голем број јавни личности се простија од комичарот , шокирани од неговата смрт. Велат дека е вистински ветеран на стенд ап комедијата , кој настапувал речиси секој ден од средината на осумдесетите.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести