MKDNews.com

Силјановска Давкова: Оваа власт ми наликува на Титаник

Силјановска Давкова: Оваа власт ми наликува на Титаник
април 16
21:14 2019

Oваа власт ми наликува на Титаник. Капетанот не е моќен да го носи овој брод кон ЕУ. Ако сакаме да го донесеме ЕУ дома, треба да победиме на претседателските избори, не заради мене, туку заради почеток на крајот на 2,5 годишнина сага, драма, која беше трагедија, а во која ние бевме статисти. Време е да ги земеме работите во свои раце – рече кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова на митингот во Аеродром.

Референдумот го кажа своето. Тие не го почитуваа нашето молчење. Си продолжија по свое. Ова Не на претседателските избори треба да значи дека опасно е кога на едно место се сите три власти. Ако го земат и претседателот, ќе бидат без контрола. Поразот на овие избори ќе предизвика логична потреба од нови демократски избори, како нови предвремени парламентарни избори и ново парламентарно мнозинство. Но новите пратеници да не бидат како овие. Да размислат за промени кои ќе значат помала, порационална и поефикасна држава.Мојата филозофија беше и ќе остане: Се што ветувам ќе исполнам – порача Силјановска Давкова од митингот во Аеродром.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести