MKDNews.com

Сенаторката Ворен бара импичмент за Трамп

Сенаторката Ворен бара импичмент за Трамп
април 20
20:55 2019

Сенаторката Елизабет Ворен, која, исто така, е претендент за кандидат на Демократската партија за претседателските избори во 2020 година, повика на постапка за импичмент против претседателот Доналд Трамп.

Таа вели дека извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер содржи факти „кои покажуваат дека непријателска странска влада се вмешала во изборите во 2016 година, за да му помогнат на Доналд Трамп, а Доналд Трамп ја поздравил таа помош.

„Веќе избран (за претседател), Доналд Трамп ја спречи истрагата за овој напад”, напиша таа на Твитер.

Ворен заклучува дека по објавувањето на извештајот на Малер, Претставничкиот дом треба да започне постапка за отповикување на претседателот на САД.

Според неа, Малер таа можност ја оставил на Конгресот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар