MKDNews.com

СДСМ: Предноста на Пендаровски во првиот круг е најава за сигурна победа и во вториот круг на 5 мај

СДСМ: Предноста на Пендаровски во првиот круг е најава за сигурна победа и во вториот круг на 5 мај
април 22
18:38 2019

Во првиот круг од претседателски избори победи Стево Пендаровски. Тоа е јасен факт.

Пендаровски има предност и повеќе гласови од Гордана Силјановска. Тоа значи дека граѓаните во поголем број го поддржаа концептот за напредок а не за враќање назад.

Предноста на Пендаровски во првиот круг е најава за сигурна и јасна победа и во вториот круг на 5 мај.

ВМРО-ДПМНЕ можат да само охрабруваат и да прават весели математики колку сакаат, факт е дека ова не се ниту локални, ниту парламентарни избори, туку избори за претседател каде во првиот круг води Стево Пендаровски.

Граѓаните покажаа дека не сакаат нов Ѓорге Иванов, туку сакаат вистински претседател. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори во 2014 година.

На 5 мај, граѓаните масовно, во слободна, фер и демократска атмосфера ќе ја потврдат победата и ќе изберат да продолжат заедно напред кон развој, напредок и интеграција.

Граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка Гордана Сиљановска да ги повлечат назад во темното минато на изолација и неизвесност, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на државата.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар