MKDNews.com

Рускоска: До крајот на мај обвинение за организаторите на „27 април“

Рускоска: До крајот на мај обвинение за организаторите на „27 април“
април 17
20:50 2019

Привршува истрагата за организаторите на упадот во Собранието од 27ми април.

Обвинителката Вилма Рускоска, очекува најдоцна кон крајот на мај да биде покренато обвинение за овој предмет, но од друга страна не очекува Никола Груевски, кој е еден од осомничените набрзо да се врати во земјава и да даде исказ во обвинителството..

Вчера во обвинителството во својство на осомничен беше повикан Трајко Вељаноски, но тој се бранеше со молчење се додека не направи увид во доказите.

Поранешниот спикер е единствениот од осомничените за кој иако беше побаран притвор, тој не му беше определен, поради претеничкиот имунитет.

Најдолго речиси четири месеци во притворското одделение во Шутка се наоѓа поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

За основаноста на притворот и неговата долготрајност адвокатот на Атанасовски веќе најави дека ќе испрати жалба до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур. За обвинителката Рускоска  притворот е основан.

Рускоска информираше дека се подготвува и барањето за екстрадиција на еден од обвнетите во првиот процес за 27ми април, Дејан Давидовски, кој пред неколку денови беше уапсен во Шведска. Таа вели дека откако ќе бидат преведени сите документи, ќе бидат испратени до Министерството за правда.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести