MKDNews.com

Пендаровски од Кратово: Излезете на гласање и заокружете го број 3

Пендаровски од Кратово: Излезете на гласање и заокружете го број 3
април 17
20:59 2019

Заедничкиот кандидат за претседател на граѓаните и на 31 политичка партија, Стево Пендаровски, на средба со жителите на Кратово, побара поддршка на 21 април, бидејќи концетот за напредок носи сигурна иднина на државата, ги отвора перспективите на младите и подобрување на стандардот на граѓаните. Овој пат, рече Пендаровски, ќе победиме, бидејќи мнозинството граѓани го поддржуваат овој концепт.

„Да се биде член на Европската  унија е нашата трајна стратешка цел.Поканата за членство во НАТО ни овозможува гаранција за  границите, сигурност од 29 земји-членки на НАТО.  Со добивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ се отвораат  претпристапните фондови и средствата ќе се користат за развој на земјоделството, туризмот и за подобар стандард, перспективи за младите.

Режимот на фамилијата мислеше колку повеќе пари да прибере. За жал во тоа време многу златни деца ни заминаа бидејќи немаа шанса тука. Работите се променија и земјата тргна напред, да не дозволиме повторно да се вратиме назад. Тоа ќе биде загрозување на иднината на нашите млади. Затоа, да избереме напредок. Заокружувањето на бројот 3 на овие избори е глас за развој, сигурна иднина на младите, повеќе пари кај граѓаните“, рече Пендаровски.

Јасна е разликата, додаде тој, гласот за Сиљановска е глас против СЈО и против напредокот, а гласот Стево е глас за праведно општество, интегрирано во НАТО и ЕУ.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести